Тошак удри по Бејл: Оди научи јазик, ги навредуваш луѓето… – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/19 3:23 PM

Тошак удри по Бејл: Оди научи јазик, ги навредуваш луѓето…

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Џон Тошак остро го нападна Герет Бејл за неговото однесување.

Иако е негов сонародник, тој не може да разбере некои работи кај актуелната ѕвезда на најтрофејниот шпански клуб.

„Герет, дај едно интервју, таму си шест години, а уште не знаеш да зборуваш шпански јазик. Тоа е навреда за луѓето кои работат со тебе. Ти си важен дел од Реал и штета е што не успеа подобро да се социјализираш во екипата“, му порача Тошак на Бејл.

Иднината на велшкиот репрезентативец во редовите на Реал е неизвесна, тој сака да остане, но Зидан категорично му порача да си бара нова средина.

Извор:  sportclub.mk