Прва помош: Еве како треба да постапите ако се прободете на еж – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/19 2:57 PM

Прва помош: Еве како треба да постапите ако се прободете на еж

Пријатното уживање на плажа во текот на летото може да го расипе непријатно искуство, кога при влегување во вода згазнете на морски еж.

Со цел да реагирате што е можно побрзо, најдобро е со себе секогаш да носите пинцета, за да можете боцките да ги отстраните додека кожата е сеуште мека и влажна.

Покрај пинцетата, потребно ви е и средство за дезинфекција, газа и фластери.

Тоа што е непријатно кај боцките од еж е тоа што тие можат длабоко да навлезат во ткивото и да останат во раната. Ако не се отстранат брзо и раната добро не се исчисти, може да дојде до загнојување. На прободеното место обично се гледаат скршени делови од боцките, а околу местото на убодот црвенило и оток.

Како да ги отстраните

Местото на убодот прво треба да се дезинфицира со алкохол или антисептик. За отстранување на боцките треба да користите пинцета, која исто така треба да се стерилизира, а боцките кои не може да се отстранат намачкајте ги со т.н. црна маст која ќе го забрза излегувањето на боцките од кожата.

Ако боцките тешко се отстрануваат, задолжително контактирајте со лекар за да ги исчисти, бидејќи ако  остане дел во телото, се заканува опасност од сериозна инфекција. Ако пак сте сигурни дека сте ги отстраниле сите, добро дезинфицирајте ја таа област и намачкајте некоја антибиотска маст или прашок за рани, па завиткајте со стерилна газа и фластер.

Извор:  denar.mk