Оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски оваа година на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република” ќе ја интонира државната химна на свеченото отварање на 1-ви август во Крушево на „Гумење”, како и на централната прослава на празникот „Илинден” на 2-ри август на „Мечкин Камен”.
Неуморниот оперски пејач ќе одржи и свој солистички концерт, како дел од концертната сезона “The Art of Power”, насловен „Во чест на Тоше Проески“. Концерт ќе се одржи на 5-ти август на летната сцена на музејот на НОБ во Крушево, во рамките на „Десет дена Крушевска Република”, со почеток во 20 часот.
Сите настани се во пијано придружба на диригентот и пијанист, Андреј Наунов.