Еко герила го осуди нападот врз Илјаз Илјази од страна на советникот на ДУИ, Усеини – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/19 1:08 PM

Еко герила го осуди нападот врз Илјаз Илјази од страна на советникот на ДУИ, Усеини

Движењето Еко герила остро ги осудува нападот и заканите што беа упатени вчера во Охрид кон  Илjаз Илjази од страна на општински советник во Охрид, член на ДУИ.

-Високо го цениме придонесот што Илjази како наш надворешен советник и експерт за прашања поврзани со загадувањето на животната средина, изразуваме сериозна загриженост дека владеењето на правото во нашата земја е далеку над очекувањата на граѓаните. Културата на неказнивост за кривични дела кон политички службеници е неподнослива – велат од Еко герила.

Оттаму го повикуваа Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да одговорат и да ги казнат сторителите, без разлика на политичката поддршка што може да ја имаат.

Инаку, советникот во Општина Охрид од ДУИ, Нефи Усеини го натепал професорот Иљаз Илјази од Штуловиот универзитет поради див приклучок на водоводната мрежа каде е поврзана зградата, чиј претседател на куќниот совет е Илјази.

Илјази го пријавил случајот, а од МВР потврдија дека Усеини е повикан на распит и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Професорот Илјаз Илјази за повеќе медиуми изјави дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, го удирал со тупаници, што резултирало со повреди. Илјази додава дека се чувствува загрозено бидејќи Усеини му се заканувал дека ќе го убие, влечејќи го пред неговата зграда. До инцидентот дошло откако Илјази како претседател на куќен совет пријавил во „Водовод” дека имаат проблем со водата, а екипи утврдиле дека некој на диво се приклучил на нивната мрежа.

Ова е трет напад за неколку месеци во кој учествува Усеини.