Интернетот на Куба станува достапен за сите – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/19 10:49 AM

Интернетот на Куба станува достапен за сите

Тие што патуваа и летуваа во Куба, за да уживаат во тропската клима, во прекрасната колонијална архитектура и во прекрасните олдтајмер-автомобили, се среќаваа и со еден сериозен проблем – бавниот или недостапниот интернет.

Но, изгледа дека тоа наскоро ќе се промени. Завчера на сила стапи нова низа закони со кои се сака на сите на островот да им се овозможи брз пристап на интернет, пишува „Њујорк тајмс“.

Иако кубанската влада и понатаму ќе го контролира комерцијалниот пристап на интернет, Ви-Фи и мрежниот интернет наскоро треба да станат достапни за сите.

Куба воведе интернет во 1990. години, но пристапот беше ограничен и строго контролиран, во дел и поради загриженоста на властите дека слободниот проток на информации може да има потенцијално субверзивно влијание.

„Кубанската влада цело време е свесна дека пристапот до интернет е неопходен ако се сака да се модернизира економијата, но истовремено беше загрижена оти тоа може да да доведе до субверзија во општеството“, вели политикологот Вилијам Лео Гранде.