Индија: Бездомни кучиња спасиле бебе фрлено во канализација – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/19 10:46 AM

Индија: Бездомни кучиња спасиле бебе фрлено во канализација

Шокантен случај е регистриран во индиската држава Харуани каде што жена ставила бебе во најлон и го фрлила во канализациски одвод, но бебето, сепак, било спасено.

На снимките од безбедносните камери се појавува жена која го фрла штотуку роденото девојче. Тоа го виделе бездомните кучиња што биле во близина и го извадиле бебето од одводот, а потоа со лаење го привлекле вниманието на минувачите, кои, пак, повикале полиција.

Бебето потоа било однесено во болница, каде што му била укажана лекарска помош. Имало нешто повеќе од еден килограм.