Њујоршкиот лекар Џоел С. Шуман за Теч-инсајдер објаснува дека причината за треперење на окото најчесто е замор и стрес. Како причини се наведуваат уште и напрегање на очите, кофеин, алкохол, суви очи, недостаток на некои хранливи материи.
Она што ви е потребно е повеќе мир, доволно сон, повеќе шетање. А тој препорачува и медитација, бавно дишење и опуштање на мускулите.
Доколку сметате дека вашиот проблем е поголем од оној стандардниот кој трае ден-два, не трошете време на барање решенија на интернет, туку посетете лекар.