Во грчките морски води од почетокот на годинава па до 24 јули се удавиле 149 луѓе, 51 повеќе од истиот период лани, соопштија од Грчката крајбрежна стража.
Инаку, 2018 година била најцрна во грчката историја според бројот на давења. Дури 294 луѓе загинале додека пливале, но, со оглед на статистиката за првите шест месеци од годинава, веројатно во 2019 тој број, за жал, ќе биде надминат.
Грчките власти предупредуваат на внимателност. На луѓето им се советува и да не пливаат кога консумираат алкохол и кога обилно јадат, а на родителите – да гледаат на своите деца додека пливаат.


