Инвазија на скакулци во САД (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/19 1:22 PM

Инвазија на скакулци во САД (ВИДЕО)

Инвазија на скакулци деновиве зафатија делови на САД, најкритично е во Лас Вегас, каде што екепертите предупредуваат дека состојбата ќе потрае неколку денови.

Социјалните мрежи преполни се со фотографии и видеа со скакулците, како и со сцени од хорор филмови со апокалиптична содржина, цитирајќи и делови од Библијата во кои инвазијата на скакулци се поврзуваат со предвидувања за крај на светот.

Сепак, ентомологот од Невада, Џеф Најт, рекол дека жителите не треба да се грижат, дека скакулците не носат болести ниту гризат, како и дека најверојатно нема да предизвикаат никакви штети.