Стотина активни пожари на Арктикот: Испуштаат голема количина јаглерод дикосид и видливи се од височина – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/19 4:32 PM

Стотина активни пожари на Арктикот: Испуштаат голема количина јаглерод дикосид и видливи се од височина

Додека повеќето европјани се фокусираат на уште едно пробивање на топлотниот рекорд во Европа, многумина не обрнуваат внимание на она што се случува во Арктикиот појас. Во тој дел во последните осум недели се појавиле повеќе од 100 интензивни шумски пожари кои во атмосферата испуштаат голема количина на јаглероден диоксид.

Вкупната количина на јаглероден диоксид кој во претходните неколку недели е испуштен во атмосферата поради пожарите во арктичкиот појас е всушност истиот кој во текот на годината го испуштаат државите како што се Бугарија, Унгарија и Шведска, вели научникот Марк Парингтон.

Емисиите исто така ги надминаа сите нивоа забележани во претходните 17 години.

„Иако шумските пожари се чести во северната хемисфера од мај до октомври, интензитетот на овие пожари, како и периодот на траење е посебно необичен, соопштил Коперникус центарот за набљудување на атмосферата.

Во еден дел од Сибир, сателитската снимка покажала дека гори подрачје од 556 квадратни километри, а руските медиуми ги цитирале официјалните лица кои ја гасат огнената стихија единствено кога има опасност по човечкиот живот.

Коперникус центарот за набљудување на атмосферата ги покажа снимките на кои се гледа чад во арктичкиот појас на Евроазија и Северна Америка.

„Необично е да се види пожари од ова ниво кои толку долго траат во јуни. Но температурите на Артикот се во пораст многу побрзо од глобалниот просек, а топлите услови доведуваат до тоа пожарите побрзо да се шират и да останат подолго“, наведува „Парингтон“.

Ваков случај се уште не е забележан, но поради рекордниот број на пожари на Арктикот во најтоплиот јуни некогаш, чадот е сега видлив и од голема височина.

Сателитските снимки покажуваат дека пожарите се појавиле во делови на Русија, Сибир, Гренлад и Алјаска.