Во однос на дилемите поврзани со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, концептот за превземање е предмет на консултации и анализи заедно со бизнис секторот, синдикатите, а ќе биде консултиран и со вработените во јавниот сектор, реагира Министерството за информатичко општество и администрација на соопштението на Сојузот на стопански комори.
-На првиот состанок на оваа тема, МИОА ги повика претставниците на сите стопански комомри во земјата, а свои високи претставници на состанокот имаше и Сојузот на стопански комори. На состанокот се разговараше за голем дел на отворени прашања и дилеми, а претставниците на ССК ја поддржаа идејата и покажаа спремност да бидат вклучени во дефинирањето на концептот, условите, начинот на превземање…, се вели во соопштението од Министерството.
МИОА, додаваат, го прифаќа испраќањето на соопштенија до јавноста како легитимен начин на размена на ставови и дилеми, но наш принцип на работа е и ќе продолжи да биде отворената и дирекна комуикација преку јавни расправи со сите засегнати страни.
-Трансферот на вработеите од јавен во приватен сектор е нов концепт во Северна Македонија, и секако дека има голем дел на отворени прашања и дилеми, кои за да се затворат неопходни се конструктивни предлози од сите засегнати страни. Свесни сме дека моменталната состојба со работната сила и во двата сектори е неодржлива, и одлучни сме тоа да го промениме со заеднички сили и заедничка работа, се вели во реакцијата на МИОА на соопштението од ССК.