Неколку села во Тетовско периодов организираат манифестации и настани со цел да им се посака добредојде на печалбарите. Според организаторите со оглед дека печалбарите претежно доаѓаат во јули тоа е начин на нивно зближување со повеќе луѓе, бидејќи во текот на годината само неколку недели престојуваат во родниот крај. Тоа особено важи за децата кои поради живеењето во странство имаат помал контакт со мајчиниот јазик и роднините.
-Општина Желино организира етнокултурен фестивал Софра фест на кој настапија културно уметнички друштва, музички групи, солисти, поети, стенд-ап комичари. Имаше турнир во пеливанство. Настаните беа во Желино, информираа од општината.
Селото Слатино организираше цела недела организира повеќе настани.
-Од настаните од културата изложба на одгледувани цвеќиња, како и повеќе спортски настани на кои беа повикани токму печалбарите да учествуваат. Имаше турнир во мал фудбал, мотокрос, шах и пинг-понг, изјавија од организациониот одбор.
Во Седларево се организира сличен настан-мини концерт со етно музика, пригодна софра, кампување и слично.