(видео)Крадци облечени како полицајци украле 700 килограми злато од аеродром во Бразил – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/19 6:24 PM

(видео)Крадци облечени како полицајци украле 700 килограми злато од аеродром во Бразил

Група разбојници , облечени во полициски униформи украле 700 килограми злато вредно 32,2 милиони долари од аеродромот во бразилскиот град Сао Паоло.

Осуммина маскирани крадци вчера влегоа во товарниот терминал со два полициски камиони, според извештајот на полицијата. Вооружените разбојници ги принудија вработените на аеродромот да ги полнат камионите со злато со помош на виљушкар.

Немало пукање за време на акцијата која траела околу две и пол минути и може да се види на снимките од безбедносните камери.

Пред ограбувањето, крадците киднапираа 8 членови од персоналот на аеродромската логистика за да добијат информации за испорака на злато, пишува весникот О Глобо. Златото требало да биде префрлено од Цирих во Њујорк преку Бразил. Тежината на златните плочки се движи од 720 до 750 килограми.

https://youtu.be/IVP-R0lQexU

Два “полициски автомобила” биле пронајдени подоцна во складот ​​неколку километри од аеродромот. Членовите на екипата за логистика подоцна биле ослободени без никакви повреди.