Ќе згасне ли радискиот простор во Македонија?
Агенцијата за електронски комуникации преку писмени опомени се закани дека ќе им ги одзема лиценците на радијата доколку во утврдениот рок не го платат надоместокот за користење на радиофреквенциите.
Известувањата стигнуваат во време додека сите се во исчекување на одговор на Иницијативата на Агенцијата на приватни електронски медиуми на Македонија (АПЕММ), за намалување на надоместокот.
Истата веќе два пати беше одбиена од страна на АЕК и во моментов се наоѓа на второстепено разгледување и одговор се уште нема.
Директорот на АЕК Сашо Димитријоски , претходното одбивање го образложи со објаснување на улогата и функцијата на АЕК и финансирањето на изградбата на антенскиот столб на Водно, категорично според него не постоела можност за намалување на надоместокот.
Сега иницијативата е на второстепено разгледување.Одговор се уште нема.
Адвокатот Стевица Јосифовски кој е член на оваа комисија вели дека уште еднаш ќе ја разгледаат оваа иницијатива.Тој смета дека треба на овој начин да им се помогне на Радиодифузерите но тоа не е одлука која што тој сам треба да ја донесе.
,,Доколку и се донесе одлука за намалување на надоместокот тоа е долга процедура. Ќе мора да се направи анализа, промена на правилникот, рок од 30 дена за јавна расправа, а треба да се консултира и Владата , зошто дел од средствата одат во Буџетот“вели Јосифовски.
Токму поради тоа во овој момент, тој препорачува надоместокот да се подмири,зошто може да има правни последици врз радиодифузерите.
Радиодифузерите не се задоволни од дадените образложенија.Сметаат дека по обичај вокабуларот на одговорните лица се менува со промена на функциите и улогите.,како и интересите кои што треба да се застапуваат.
Подршка за иницијативата за намалување на надоместокот за користење на радиофреквенциите доаѓа и од ЗНМ. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски , вели дека веќе имаше една иницијатива која што тие ја поддржале а доаѓа од локалните и регионалните радиодифузери, исто за намалување на надоместокот.Тој смета дека овие рафиодифузери навистина се наоѓаат во тешка ситуација.
Иако Владата во неколку наврати ја потенцираше поддршката и најави помош за медиумите, засега истата ја добија само печатените медиуми.
Најавената бескомпромисна кампања на Владата против дезинформациите во случајот и не би имала некој ефект доколку медиумите соочени со бројните давачки кои што од нив ги бара државата нема да можат истите да ги подмират а многу од нив може и да згаснат.