Свечено денеска во употреба го пушти Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, реконструираниот објект на полициското одделение во Групчин.
Тој се заблагодари на жителите на село Групчин кои несебично помагале да се реконструира овој објект кој 4 децении откако е изграден не е чепнат.
Тој одговараше на новинарски прашања поврзани со случајот Рекет. Рече дека во тек е вештачењето на телефонот на Катица Јанева и за сите случаи на злуопотреба на секое лице како и во случајот Рекет полицијата ќе превзема мерки согласно законот и упатствата кои ќе ги добива од јавното обвинителство.
Дел од жителите од Групчин кои помогаа во реконструкцијата на објектот на полициското одделение Групчин, добија благодарници лично од министерот Спасовски.
Зоран Димовски