Нападнати мајката и братот на Ел Чека на денешниот протест – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/19 2:22 PM

Нападнати мајката и братот на Ел Чека на денешниот протест

Мајката и братот на Ел Чека бил попладнево нападнати пред протестот кој се одржува на плоштадот Скендербег во Скопје. Според нивните изјави, биле нападнати од Исмет Гури од ДУИ. Мајката на Ел Чека вели дека освен што ја нападнале ја искинале и сликата на Алмир која ја носела во раце.

Настанот се случил непосредно пред да пристигнат новинарските екипи, а интервенирала и полицијата. Исмет Гури е инаку обвинет во „Титаник“ како член на Општинската изборна организација во Чаир.

Инаку, во протестот учествуваат околу стотина демонстранти. Зад организација на протестот стои семејството на Ел Чека.

Фото: Лајме прес

Преземено од : www.focus.mk