Тетовец пронајден мртов во автомобил со рани од огнено оружје – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/19 2:01 PM

Тетовец пронајден мртов во автомобил со рани од огнено оружје

Педестиседумгодишен маж од Тетово со иницијали Ф.Т е најден мртов во возило со рани од огнено оружје. Телото било најдено од страна на неговиот син на крстосницата на улицата Киро Ристовски-Дрнц и Андреа Стојановиќ во Тетово,  информира полицијата

-Извршен е увид од страна на екипите на СВР Тетово и јавен обвинител по што е констатирано дека станува збор за самоубиство на лицето Ф.Т (57). Самоубиството е потврдено и од јавниот обвинител, информираат од СВР Тетово.

Случајот во тетовската полиција е пријавен во 11 часот.  Човекот бил вработен во општина Тетово.