Голем дефект ја остави општина Росоман без вода – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/19 1:11 PM

Голем дефект ја остави општина Росоман без вода

Околу 6000 жители од општина Росоман и фабриката „Дрекслмаер“ се без вода за пиење поради голем дефект на главната водоводна линија. Од ЈП „Комуналец“ Кавадарци информираа дека нивни екипи се веќе на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот.

„ На главната доводна линија што го снабдува Росоман, Манастирец, Дрекслмаер и индустриска зона во Кавадарци настана дефект, поради што мораше да биде исклучена водата во овие населени места и фирми. Според информациите од директорот на кавадаречкото комунално претпријатие се очекува дефектот да се санира за неколку часа“ вели директорот на ЈКП „Росоман“ од Росоман, Гоце Величковски.

Тој нагласи дека се до отстранување на дефектот населените места од општина Росоман и стопанските капацитети од тој крај ќе бидат без вода за пиење.

Жителите на општина Росоман со санитарна вода се снабдуваат од водоводниот систем Лукар, исто како и жителите на Кавадарци и Неготино.

Ангел Данов