Кочанец беснеел во казино – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/19 12:14 PM

Кочанец беснеел во казино

Кочанец беснеел до раните утрински часови во кочанско казино.

Прво се заканувал телефонски на полицаец,потоа нападнал обезбедување во казино и на крај кога дошла полицијата извадил и пиштол и пукал во воздух.За среќа повредени нема.

Денеска околу 04.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека Ж.Ж. телефонски упатил закани до полициски службеник кој не бил на работа. По неколку минути било пријавено дека Ж.Ж.  физички нападнал вработени во обезбедување во едно казино во Кочани. Кога полициски службеници пристигнале на местото на настанот, Ж.Ж. извадил пиштол и почнал да пука во воздух. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.