Во текот на вчерашниот ден околу 10.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Курилово“-Берово, шеесет и тригодишниот Б.Т.од Берово управувајќи трактор на сопствениот имот изгубил контрола, се превртел и паднал под тракторот, по што починал на местото на настанот.
Увид на местото извршил Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.