Фатиме Фетаи дa раководи со новото Обвинителство за организиран криминал – предлага партијата Алтернатива на Африм Гаши.
Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја – велат од партијата.
Се надеваме дека и другите политички фактори во земјава ќе рефлектираат во однос на овој предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да и’ гарантираат на Северна Македонија правда, која ќе биде клуч и за владеењето на правната држава, но и за долгоочекуваната евроатлантска интеграција – се додава во соопштението од Алтернатива.