Утре промена на сообраќајниот режим на мостот Гоце Делчев – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/19 4:43 PM

Утре промена на сообраќајниот режим на мостот Гоце Делчев

Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре (26.07.2019 година, петок), поради влегувањето во нова фаза на градежните активности за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, ќе има промена во сообраќајниот режим на дел од бул. Гоце Делчев.

Од утре, во правец од ТЦ Мавровска кон објектот на Влада на РСМ ќе се вози по две сообраќајни летни, а градежни активности ќе се изведуваат на една сообраќајна лента во овој правец (досега беа затворени две а сообраќајот се одвиваше по една лента).

Во другата насока, во правец од Центар кон ТЦ Мавровска, од утре ќе се вози по една сообраќајна лента, додека две ќе бидат затворени и по нив ќе се изведуваат градежни работи.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.