Голем трансфер во најава: Дибала пристигнува во Лондон – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/19 3:26 PM

Голем трансфер во најава: Дибала пристигнува во Лондон

Повеќе од јасно е дека Пауло Дибала повеќе нема да биде член на Јувентус, а се поизвесно е дека следната дестинација на Аргентинецот ќе биде Англија.

Според неофицијалните информации, Тотенхем е подготвен да го сруши клупскиот трансфер рекорд. Тимот од Лондон понудил 100 милиони евра за Дибала од Јувентус но ова најверојатно нема да биде доволно за репрезентативецот на Аргентина да заврши во Лондон.

Директорот на италијанскиот гигант Јувентус, Фабио Паратичи веќе е во Лондон каде што работи на трансферот

Ако Тотенхем не успее да го купи Дибала ќе се насочи кон привлекување на Заха од Кристал Палас.

Извор: sportclub.mk