Вардар се пофали со два нови ракометари – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/19 3:18 PM

Вардар се пофали со два нови ракометари

Сезонава во првиот тим на Вардар шанса да тренираат и да се борат за место на секој натпревар ќе добијат и двајца млади ракометари кои досега настапуваа во Вардар јуниор. Се работи за крилото Ален Ќосевски (2001) и Дејан Кукуловски (1996).

Двајцата ракометари веќе тренираат со екипата и ќе бидат и на подготовките што следуваат. Ќосевски игра на позиција на десно крило, а Кукуловски настапува на бековска позиција.

Кукуловски е веќе на подготовките, а Ќосевски ќе се приклучи откако ќе заврши кадетското СП што во август ќе се одржи во Скопје. На тоа СП ќе настапи и голманот Марко Кизиќ кој исто така продолжува со првиот тим на Вардар.

За подготвителниот период со првиот тим ќе тренира и голманот Васко Гогов (2000). Тој ќе биде дел од тимот на Вардар јуниор сезонава а сега ќе ги одработи подготовките со првиот тим со оглед на тоа што недостасуваат голмани.

Извор: sportclub.mk