Вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија и амбасадорката Кејт Мари Брнз денеска беа во работна посета на Кавадарци.
Беа примени од градоначалникот Митко Јанчев, а по завршувањето на средбата изјави за медиумите не беа дадени. Останува непознато за што разговарале високите претставници на САД во градоначалникот на Кавадарци.
Во краткото соопштение од кабинетот на Јанчев нагласија дека честа да се биде домаќин на високи политички претставници како што е Рикер е огромна и од големо значење за Општина Кавадарци.
Ангел Данов