Во рамки на дневниот центар во Тетово отсега ќе функционира и центар за лица со посебни потреби од претшколска возраст.
Во овој центар подржан од здружението „Имаго плус“ – Центарот за социјални работи Тетово и Општина Тетово првично ќе бидат згрижени 15 деца со посебни потреби.
Од Општина Тетово и Центарот за социјални работи Тетово истакнаа дека инклузијата на сите деца е важна за нивниот нормален развој затоа и нивната подршка за ваквите проекти е постојана.
Минатиот месец со подршка на Општина Тетово беше отворен и центар за Аутизам во Тетово.
Зоран Димовски