Милијардерот, педофил и пријател на Трамп се обидел да се самоубие во ќелијата – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/19 12:31 PM

Милијардерот, педофил и пријател на Трамп се обидел да се самоубие во ќелијата

Американскиот милијардер Џефри Епстајн, кој во затворот чека судење по обвинението за злоставување малолетнички, пронајден е во ќелијата во полусвесна состојба и со повреди на вратот. Епстајн (66) неподвижно лежел на подот од ќелијата, по што е пренсен во болница. НБЦ наведува изјава на неименуван извор дека можеби се работи за самоубиство.

Тој е сместен во затворот на Менхетн со силни безбедносни мерки. Таму треба да остане до крајот на судењето поради обвиненија за сексуална трговија со повеќе десетици малолетни девојки. Судот го одби неговото барање да биде во куќен притвор во својата вила во Њујорк, чија вредност се проценува на 77 милиони долари.