Поради сообраќајка отежнат сообраќајот на патот Велес-Скопје кај Катланово – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/19 12:18 PM

Поради сообраќајка отежнат сообраќајот на патот Велес-Скопје кај Катланово

Сообраќајот на патниот правец А1 Велес – Скопје, после Катланово кај бензинската пумпа ОКТА од 12:30 часот се одвива отежнато поради сообраќајна незгода.

Како што информираат од „Македонија пат” сообраќајот се пренасочува преку бензинската пумпа ОКТА.