Новиот британски премиер Борис Џонсон за прв пат се обрати од својот кабинет, по што потоа ќе се обрати и до Долниот дом на парламентот.
Џонсон ги повтори ветувањето дека Велика Британија ќе излезе од Европската унија до 31 ви октомври, а на членовите од владата им рече дека им претстои „важна задача во клучните моменти во историјата на земјата“, пренесува Би Би Си.
„Сите сме посветени на тоа да ја напуштиме ЕУ до 31 ви октомври или порано, без ако и без но“, истакнал Џонсон.
Тој додал дека оваа влада нема да го чека тој датум за да започне „фантастичен нов план“ за Велика Британија, што подразбира спроведување на приоритетите на народот.
Велика Британија најпрво требае од ЕУ да излезе на 29 ти март, но рокот беше продолжен до 31 ви октомври откако парламентот три пати го одби планот на поранешната премиерка Тереза Меј за Брегзит.


