Партијата Жив ѕид, по вчерашниот напад на хрватските војници во Авганистан, од кои еден загина, ја повика претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, да ги повлече хрватските војници од НАТО-мисиите во светот и да прогласи трајна неутралност според примерот на некои европски земји, како Шведска, Австрија, Кипар, Малта, Ирска и Швајцарија.
На вчерашната прес-конференција, од партијата, како што наведуваат хрватските медиуми, нагласиле дека местото на хрватсата војска и’ е во Хрватска, а не во странските земји каде што војувала за туѓи интереси.


