1 ТВ го емитуваше последното издание на вестите, вработените заминуваат на колективен одмор – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/19 8:16 PM

1 ТВ го емитуваше последното издание на вестите, вработените заминуваат на колективен одмор

Вработените во 1ТВ заминуваат на колективен, принуден одмор. За ова информираа презентерките на централниот дневник емитуван вечерва во 20 часот, потенцирајќи дека тоа е последното издание на вестите.

„Најголемиот удар кој новинарството може да претрпи е згаснувањето на еден медиум. Случувањата поврзани со Бојан Јовановски влијаат и на медиумот. Телевизијата беше цел на лажни вести, со цел да се дискредитира новинарскиот кадар“, појаснија презентерките.

Инаку, како сопственик на оваа телевизија која беше отворена ланската година, се  претставуваше Бојан Јовановски. Вработените одат на колективен одмор,  неполни две недели откако тој беше уапсен како осомничен за случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.