Власта се фали со унапреден систем на детска заштита, опозицијата обвинува за популизам – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/19 6:31 PM

Власта се фали со унапреден систем на детска заштита, опозицијата обвинува за популизам

Владеачката СДСМ денеска се пофали дека го унапредува системот на детска заштита, од опозицијата возвратија дека тоа е гол популизам за да се прикрие, како што велат, владиниот криминал.

Со исплатата на јунската плата, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 отсто што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен – информира портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Тоа значи дека над 3.100 лица вработени во градинките односно воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст добиваат значително повисоки плати. Истовремено, поголеми плати добива и помошно техничкиот персонал во градинките, покачување што е усогласно со Колективниот договор. Со планираното покачување од 5 отсто во септември годинава вработените во детската заштита ќе добијат уште едно зголемување со што вкупното покачување на платите ќе биде 21 отсто што е најголемо до сега“, изјави Костадинов.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат – властите треба да им одговорат на граѓанитеколку просечни плати на воспитувачки, негувателки и стручни соработници завршија во рекатарскиот-политички-обвинителско-медиумски скандал во кој вмешани се Катица Јанева, но и Коки, Зоки, Фрики, Кики, Шеки, Раки и слични ликови.

Јавноста знае дека милионите завршуваат во џебовите на ваквите ликови, а на граѓаните им се замачкуваат очи со прес конференции како оваа на Костадин Костадинов или изјави како на таа на министерката  Мила Царовска, реагира опозицијата