Болница во Охајо каде што е опериран познатиот астронаут Нил Армстронг постигнала договор со неговото семејство за исплата на шест милиони долари отштета поради постоперативни компликации од кои почина во 2012 година.
Со спогодба од 2014 година, според судските документи, парите се распределуваат на десет членови од неговото семејство, но не и на неговата вдовица Керол.
Нил Армстронг беше примен во болница во август 2012 година поради кардиоваскуларна операција, но дојде до постоперативни компликации по што почина, се наведува во тужбата од семејството.
Болницата ги бранеше постапките во лекувањето, но сепак го исплати семејството за случајот да остане во тајност и да избегне негативен публицитет, се наведува во документите, пишува „Њујорк тајмс“.
Пред два дена се навршија 50 години откако Нил Амстронг како прв човек стапна на Месечината.
МИА