АЛСАТ: Наков- Не е лошо странец да биде прв човек на новото Обвинителство – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/19 2:24 PM

АЛСАТ: Наков- Не е лошо странец да биде прв човек на новото Обвинителство

Влегувањето на Предлог законот за Јавно обвинителство во собраниска процедура ги изнесе на површина различните политички ставови за изборот на шеф на Обвинителството за организиран криминал. Откако пред пет дена премиерот Зоран Заев најави вклучување на СЈО во ова обвинителство и го спомна името на Вилма Русковска како шеф на овој дел од Обвинителството, денеска тој појасни дека таа би била логично решение, бидејќи и во моментов ја извршува функцијата. Но, остава простор изборот за прв човек на институцијата да се избере во законска постапка.

„Јас не ја предложив Вилма Русковска за шеф. И мене не ми се допаѓаше Вилма Русковска пред едно 5, 7, 9 години кој ме прашува мене за оваа работа, дали опозицијата или кој било. Обвинителите ги бира Советот на обвинители, нека си конкурираат таму сите, секој обвинител внатре во секое обвинителство е самостоен во истрагата. Субординацијата и координација постои по Устав и тој се консултира со своите шефови, секој обвинител со својот шеф, секој обвинител со државниот обвинител и тоа е многу нормален процес кој постои во сите држави“, рече Заев.

Изборот на нов обвинител на овој начин претходно побара и ДУИ, сметајќи дека постапката за нов обвинител не треба да се случува во Владата или Собранието. За ВМРО ДПМНЕ, пак,  Рускоска е неприфатливо решение поради нејзината поврзаност со власта.

Предлогот на Алијанса на Албанците е најразличен од сите други,  бараат странец да застане на чело на новото обвинителство. Токму овој предлог за кој се залага партијата на Зијадин Села е најприфатлив за поранешниот обвинител Александар Наков. Смета дека носење обвинител од надвор е реално решение, кој ќе нема политичко влијание, а од друга страна ќе ги подобри очекувањата од нефункционалниот судскиот систем, особено по разочарувањето од компромитираноста на Катица Јанева.

„Повторно предлог од политичка партија не води кон амбисот. Уверен сум дека нашиот систем па и правосудниот систем е во тотален колапс. Така што, таквите решенија не можам да ги прифатам, а притоа имајќи во обѕир кои луѓе седат во Советот на јавни обвинители, не сакам да споменувам имиња, но не можам да издвојам ни еден од Советот кој има капацитет да ја врши таквата функција, па да му биде доделено и правото да врши избор на кандидат за иден специјален јавен обвинител на одделение за организиран криминал“, вели поранешниот обвинител Александар Наков.

Претходно, Рускоска во изјава за медиумите рече дека би и било чест да го води новото обвинителство, но, би почекала да ја види конечната верзија на Законот кој вчера влезе во собраниска процедура.

alsat-m.tv