Штипјанка физички нападната од невенчаниот сопруг – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/19 2:03 PM

Штипјанка физички нападната од невенчаниот сопруг

Штипјанка била нападната во нејзиниот дом од страна на нејзиниот невенчан сопруг.

Според информацијата од Полицискиот билтен нападот вчера го пријавила  37 –годишна жена од Штип. Во извештајот се вели дека таа  истиот ден околу 18.30 часот во семејниот дом во Штип била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг В.К.(53) од Штип.

Се работи на расчистување на случајот.