Интензивирана градбата на штипската Клиничка болница – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/19 1:01 PM

Интензивирана градбата на штипската Клиничка болница

Интензивирана е изградбата на новата Клиничка болница во Штип и во моментов грчката компанија „Интеркат“ прави проектантски надзор во делот на електриката и машинството што според договорот треба да биде готов до крајот на месецов, истакна државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев.

– Веќе од август ќе се интензивираат во делот на електриката и машинството. Знаете дека почнува со поставување на фасадата и се врши тоа со одредена динамика и веруваме дека она што го имаме добиено како динамичен план во седми месец 2020 година ќе заврши правата фаза од изградбата на штипската Клиничка болница, односно најголемиот дел од пациентите и одделенијата ќе бидат пренесени во новиот објект. Веднаш треба да започне и втората фаза, што подрзбира рушење на двата објекта, од лево и десно од болницата, вели Милошев.

Тој најави дека во завршна фаза и во подготовка е тендерската постапка за набавка на нова медицинска опрема за повеќе болници во земјава.

Прашан до каде е постапката за пренамена на болница во Кочани во државен центар за ампутација, Милошев со став дека се уште немаат дојдено до фаза на реализација.

– Се уште е во фаза на анализи околу кадровската поставеност на Кочанската болница, начинот на транспорт и што е најбитно постоперативната нега и не се работи само за техничко извршување на ампутацијата, туку ова е еден комплексен процес, што бара постоперативна грижа и тука го ставаме акцентот на доекипрањето. Кочанската болница го има тој кадар за ампутација, вели Милошев.

Тој е дециден дека Министерството за здравство додека не ги направи комплетните анализи за болницата во Кочани проектот нема да стартува.