Се сеќавате ли на Левински: Моника вчера наполни 46 години и еве како изгледа денес – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/19 10:24 AM

Се сеќавате ли на Левински: Моника вчера наполни 46 години и еве како изгледа денес

Моника Левински, поради која Бил Клинтон за малку ќе останеше без претседателската фотелја, вчера наполни 46 години.

Некогашната службеничка во Белата куќа стекна популарност ширум светот во 1990. години поради аферата со тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон. Беше откриено дека Клинтон имал секс во Белата куќа со тогаш 22-годишната приправничка Моника Левински.

Клинтон првин негираше, но кога беше притиснат со докази, призна дека имал „непристоен однос“. Застапничкиот дом на Конгресот гласаше за негово отповикување, но го спаси Сенатот.