Кирацовски го прифати извинувањето на Азманов – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/19 9:19 AM

Кирацовски го прифати извинувањето на Азманов

По најавата за тужба од страна на пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, бизнисменот Зоран Азманов јавно му се извини за лажното обвинување.

,,После моето укажување и најавата на тужба за лажното информирање на јавноста и мое клеветење, господинот Азманов јавно се извини и побара повлекување на лажната вест.

Жалам што мораше на овој начин, преку најави на тужби за клевети да се докажува вистината, но тоа е единствениот начин во нашето, со лажни вести заразено, општество.
Сепак ова е светол пример на доблесно извинување.

И уште еднаш…Трендот на лажни вести мора да запре.
На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај.
Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“-напиша Кирацовски.