Кирацовски најави тужба до Азманов,не бил уредник на портали – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/19 8:25 AM

Кирацовски најави тужба до Азманов,не бил уредник на портали

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, на социјалните мрежи најави тужба до градежниот инвеститор Зоран Азманов. Бизнисменот  јавно во интервју обвини дека наводно бил рекетиран од поранешниот генерален секретар на владеачката партија.

Пратеникот Александар Кирацовски на социјалните мрежи напиша дека хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината, мора да се стави крај.

Трендот на лажни вести мора да запре.
На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“, напиша Кирацовски доцна синоќа на својот профил на Фејсбук.

Кирацовски најави тужба до бизнисменот Зоран Азманов кој во интервју , посочи разговор според кој Кирацовски е многу голем фактор што одлучувал за објавување на негови лични  фотографии на портали.

Исто така Кирацовски реагирал до порталот да избришат објавени прилози, кои според сопственикот на „Настел“ биле невистини, но уредникот му пренесол дека не може ништо да избрише додека не му каже Кирацовски, тврди Азманов во интервјуто.

Азманов во интервјуто за Инфомакс раскажува како бил рекетиран од Бојан Јовановски, Боки 13.

„Не се секирај, имам докази, зад мене стојат СЈО и финансиската полиција. Вака ми кажа Боки кога му се јавив да го прашам зошто објавува за мене дека сум бил градежна мафија. Јас немам ниту една фактура кон државата. Милион евра годишно плаќам данок на државата. Боки 13 не платил во животот едно денарче данок. Ние го плаќаме СЈО. Тоа што се случуваше во 1ТВ не е за леб, туку за преку леб погача. Зошто се забрани да не се претресе станот на Јанева“, прашува тој.

Бизнисменот вели дека не е тајна оти е сниман од 2008-2009 до ден денеска.

Тој тврди дека објавите против него на 1ТВ биле платени од негова конкуренција.