Новинарот Љупчо Златев утре на распит во полицијата – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/19 4:39 PM

Новинарот Љупчо Златев утре на распит во полицијата

Новинарот Љупчо Златев на својот профил на Фејсбук соопшти дека бил повикан на распит во полицијата, во врска со објавената снимка на која се слуша генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Како што информираше Златев, распитот во полицијата ќе се случи утре.

„Наместо да го гони криминалот, полицијата одлучи да ги гони оние кои го откриваат криминалот.
МВР ме повика на распит (информативен разговор) затоа што како одговорен уредник на Економски Лидер ја објавив снимката на која се слуша како генсекот на владата Драги Рашковски договара тендери и провизии. Распитот ќе се обави утре. НЕМА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ!“, пишува Златев на Фејсбук.

Во меѓувреме, како што објавуваат медиумите за два дена истекнува законскиот рок од две недели Владата и М – НАВ да ја достават целокупната документација која им ја побара Антокорупциската комисија за теденрот за радарскиот систем, а во кој е вмешан генералниот секретар Драги Рашковски.

Комисијата која самоиницијативно отвори предмет по допрен глас, бара информации за текот на тендерската постапка и сомнежите за корупција кои се отворија во јавноста по објавувањето на телефонските разговори на кои се слушаше и гласот на генералниот секретар на Владата, Рашковски.