Марвел го соопшти својот прв ЛГБТ-суперхерој – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/19 2:59 PM

Марвел го соопшти својот прв ЛГБТ-суперхерој

Продукциската куќа Марвел го откри својот прв ЛГБТ-суперхерој, што ќе се појави во наредниот, четврти „Тор“ филм. Се работи за ликот Валкири што го глуми Теса Томпсон.

Љубителите на Марвел-стриповите веќе знаат за Валкири – дека таа е бисексуалка, но во досегашните филмови, таа како да се криеше. Во „Тор 2“ дури била и исфрлена сцена каде што таа станува од кревет во којшто има друга жена.

Според Марвел, ЛГБТ-ликови ќе има и во филмот „Бесмртните“, кој е во фаза на снимање, но засега не се откриваат детали.