Косово: Србин се грижи за неподвижен Албанец – „Да не беше тој, кучиња ќе ме растргнеа“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/19 12:38 PM

Косово: Србин се грижи за неподвижен Албанец – „Да не беше тој, кучиња ќе ме растргнеа“

 

Митхат Парашумти (55) живее во Грачаница, Косово. Неподвижен е, а семејството го отфрлило. Поради тоа, некое време живеел на улица, но тогаш го запознал Велимир Миловановиќ (73), кој сега му е се’ на светот.

„Од братовата куќа излегов во 2002 година. По ное време, поради срамот што немам подддршка од семејството и од институциите, побарав работа во градежна фирма, но ме одбија – раскажува за РТВ „Дукаџини“, а неговата приказна ја пренесуваат и други косовски и српски медиуми.

По некое време, ја напуштил Грачаница и дошол во Приштина. Живеел на улица. Во Липљан, пак, живеел во подрум. Барал работа, но никаде не го примале. И здравјето му го свртело гработ. Останал неподвижен. Некои луѓе го пронашле во подрумот во Липљан каде што живеел пет години.

Морал да се врати во Грачаница. Тука, конечно наоѓа закрила и тоа од страна на еден Србин, Велимир Миловановиќ. Живее кај него.

„Да не беше тој, ќе ме изедеа кучиња. Старецот се грожи за мене веќе цела година. Тој имал болест слична на мојата, но испратен е во бања и излекуван. Тој ми обезбедува и дом, и нега, и храна. Државата ми дава пензија од 73 евра и се крие од мене. Што друго да кажам?“, вели Митхат.