Поскок влегол во фабрика во Чачак, исплашените работници не смеат да влезат во гардеробите – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/19 12:35 PM

Поскок влегол во фабрика во Чачак, исплашените работници не смеат да влезат во гардеробите

Работниците на ФРА од Чачак во погонот затекнале змија. Како што наведуваат, голем број од нив се уплашени и не смеат да влезат во гардеробите да се преслечат, бидејќи им било речено дека се работи за опасниот отровен поскок.

„Змијата ја затекнавме во фабричката хала. Сите сме уплашени. Не смее никој да влезе во гардеробата да се преслече. Никој не знае како влегла, но претпоставуваме дека дека се спуштила од дрвото на скалите на меѓукатот. Мислиме дека тоа е последица на лошото одржување на целата некогашна индустриска зона и на пругата“, изјавиле работниците за „Телеграф.рс“.