Ким Џонг-ун изврши инспекција на нова подморница – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/19 11:15 AM

Ким Џонг-ун изврши инспекција на нова подморница

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изврши инспекција на новоизградената подморница и побара од официјалните лица дополнително да ги зајакнат воените капацитети на земјата.

Локалните медиуми објавија дека Ким изразил „големо задоволство“ од подморницата откако бил запознат со оперативните и тактички податоци и оружените системи.

Ким ја нагласи потребата за постојано и сигурно зголемување на способноста за одбрана на земјата, насочувајќи големи напори кон развој на поморското оружје и опрема, како што е подморницата.

Изградбата на новата подморница укажува дека Северна Кореја ја зголемува својата воена способност и покрај нуклеарната дипломатија со САД која почна минатата година.

МИА