Го користите ли често оризот во вашата исхрана? Знаете ли колку е важен? Еве го одговорот.
Оризот спаѓа во најстарите житни култури бидејќи расте повеќе од 5000 години. Богат е со јаглени хидрати (28,7 грама на 100 грама варен ориз), содржи мали количества протеини (2,4 грама на 100 грама) и речиси не содржи маснотии (0,2 грама на 100 грама). Во 100 грама варен бел ориз има 130 калории. Оваа житарка претставува солиден извор на витамини Б1, Б3 и Б6, а особено е богата со фолна киселина (58 мкг во 100 грама). Споменатото количество задоволува 7 проценти од дневните потреби на телото за железо (1,2 mg на 100 грама), 11 проценти за селен и 24 проценти за манган.
Инаку, оризот е житна култура која природно не содржи глутен, што е особено важно за луѓето со чувствителност или нетолеранција на глутен. Интересни се резултатите од истражувањето кои покажале дека луѓето кои редовно јадат бел или интегрален ориз се генерално поздрави. Во истражувањето учествувале повеќе од 14.000 возрасни Американци.
Забележано е дека испитаниците кои редовно конзумираат ориз јаделе повеќе овошје, зеленчук и мешунки, и дека увезле поголеми количини на магнезиум, калиум, железо, фолна киселина и влакна. Истовремено тие јаделе помали намирници со додаден шеќер и заситени масти. Оризот претставува и добар избор ако се обидувате да изгубите килограм повеќе, бидејќи го продолжува чувството на ситост, а бидејки не содржи сол, претставува идеална намирница за луѓето кои страдаат од висок крвен притисок. Научниците генерално препорачуваат интегрален ориз – претходните студии покажале дека потрошувачката на интегрален ориз (и интегрални житни култури воопшто) го намалува ризикот од смрт поради срцеви заболувања, како и дека помага во регулација на нивото на холестерол кај дебелите луѓе.
Извор: denar.mk