Која е мајката, а која е ќерката? Едната е 64, а другата 34 години, но изгледаат како да се сестри – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/19 4:56 PM

Која е мајката, а која е ќерката? Едната е 64, а другата 34 години, но изгледаат како да се сестри

Шеесет и четиригодишната Британка, Анџела Пол која во моментот живее во Калифорнија, изгледа како да и’е сестра на триесет години помладата Аријел, која всушност е нејзина ќерка. За нејзината младоликост заслужна е исклучителната грижа што ја води за своето здравје. Таа вели дека не користи никакви лекови и се’ решава со медитација, вежбање, правилна исхрана и грижа за менталната хигиена, но како што наведува, најмногу и’ користи тоа што не јаде месо.

Анџела инаку, од својата шеснаесетгодишна возраст почнала да се занимава со манекенство, но се откажала на триесет години, откако ја родила својата ќерка.

„Своите триесетти ги посветив на ќерка ми. Јас и сопругот Алан со неа патувавме секаде“, раскажува Анџела.

На прашањето, како дошло до тоа да води толкава грижа за својот изглед, таа вели:

„Во доцните дваесетти ми беше откриено нарушувањето лупус, кое почна да влијае на моите зглобови, но и на кожата. Тогаш решив да дадам се’ од себе, за да водам што е можно поздрав начин на живот.

Таа и денес не може да се „одбрани“ од мажите, иако некои од нив се и двојно помлади од неа. Таа вели дека тоа не и’ пречи толку, колку обвинувањата дека за нејзиниот изглед е заслужна естетската хирургија.

„Достоинственото стареење не крие некои тајни. Генетиката помага, но од поголема помош е водењето здрав начин на живот“, додава атрактивната Британка.

„Пораснав во Велика Британија, а таму нема многу сонце. Тоа секогаш ме нервираше, но сега сфаќам дека тоа е благослов, бидејќи сега мојата кожа поради тоа е совршена. Никогаш не сум била пушач, не сум пиела алкохол, а секогаш сум сакала добар сон, бидејќи тој е исклучително важен за убавината. Покрај тоа, како манекенка, секогаш ме учеа да не се изложувам на сонце, бидејќи со тоа ја штитам мојата кожа. Многу сакам да вежам, но верувам дека медитацијата помага многу повеќе“, истакнува Анџела.

Таа открива дека се труди да јаде органска храна што повеќе и дневно да јаде по повеќе мали оброци:

„Дневно јадам по едно авокадо, наутро прво пијам топла лимонада со ѓумбир и пијам само по едно кафе и тоа во утринските часови. Алкохолот генерално го избегнувам. Значи, нема никаква естетска хирургија, а не сум ни анорексична, иако луѓето тоа го зборуваат позади мојот грб. Што се однесува до физичките активности, вежбам зумба пет пати неделно“.