Не знаете како да се ослободите од целулитот? Дали сте ги пробале сите постоечки методи и сте се обиделе да ја промените исхраната?
Секоја втора девојка размислува за тоа како да го отстрани целулитот на нозете. Правите се што можете, правите разни масажи…
Меѓутоа, целулитот е комплексен проблем, а исхраната е исто толку важна како и секој друг аспект. Пронајдовме храна која сигурно ќе ви помогне да се ослободите од целулитот.
Бобинки
Темните бобинки како што се боровинки и капини придонесуваат за зголемување на производството на колаген во кожата. Исто така имаат антиоксиданти кои го намалуваат воспалението и го прават целулитот помалку видлив.
Темно чоколадо
Темното чоколадо содржи магнезиум и железо, а тоа ја подобрува циркулацијата на крвта, што значи дека има добар ефект на состојбата на вашата кожа и помага да се ослободите од целулитот.
Авокадо
Авокадото има многу влакна и здрави масти. Покрај тоа, помага во нормализирање на нивоата на гликоза и отстранување на токсините од телото што го формираат целулитот во вашето тело.
Грејпфрут
Во борбата против целулитот ќе ви помогнат производи кои навлажнуваат и содржат антиинфламаторни компоненти. Ги има многу во грејпфрут. Значи, еден грејпфрут за вечера и наскоро ќе забележите промени.
Извор: denar.mk