Совршени тетоважи за секој хороскопски знак – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/19 2:45 PM

Совршени тетоважи за секој хороскопски знак

Хороскопските знаци имаат свои специфични особини, кои ги диктираат нивните одлуки, дури и оние поврзани со носењето тетоважи – велат астролозите. На истиот начин на кој тетоважата може многу да открие за една личност, астролозите посочуваат дека тетоважата која една личност ќе одлучи да ја направи, може да биде одраз на хороскопскиот знак. Доколку размислувате да направите некаква тетоважа, прочитајте што велат ѕвездите.

Овен

Луѓето кои се родени во знакот Овен се самоуверени, храбри и страствени. За да го докажат тоа, тие би одбрале тетоважа со која би ја покажале таа своја, посебна страна, па тетоважата би била поврзана со акција и победа. Својата тетоважа тие радо би ја покажале на другите, па затоа и би одбрале некои повидливо место, односно би се истетовирале на раката или на ногата.

Бик

Луѓето родени во знакот Бик се сензуални и го живеат животот со „полна пареа“. Нивните тетоважи би биле многу едноставни. Тие би се одлучиле за тетоважа која би имале одредено значење за нив.

Близнаци

Личностите од хороскопскиот знак Бик секогаш трагаат по свежи идеи, па одбирањето тетоважа за нив може да претставува вистински предизвик. Сепак, најверојатно нивниот избор би паднал на некоја убава порака.

Рак

Припадниците на овој знак се многу ориентирани кон домот и семејството, па најверојатно нивниот избор за тетоважа би можел да се сведе на некој симбол на семејно стебло.  Освен тоа, тие би можеле да се одлучат да го истетовираат името на некој член од нивното семејство, или пак датумот на раѓање. Раковите исто така, искажуваат поврзаност  и со својата татковина, па тие се склони и кон патриотски тетоважи, или пак такви кои се пворзуваат со некои воени симболи.

Лав

Лавовите важат за личности кои скааат да бидат во центарот на вниманието, па тие би одбрале тетоважа која би ја манифестирала нивната моќ. Луѓето родени во овој знак, на своето тело би можело да го истетовираат своето име, прекарот (доколку го имаат) или пак самиот лав.

Девица

Личностите родени во знакот Девица вообичаено се многу внимателни во однос на животните прашања и длабоко размислуваат при донесувањето на некои одлуки. Така и во однос на тетоважите, тие би се одлучиле за името на своето дете, или пак би си истетовирале некој датум што е значаен во нивниот живот. Исто така, своите тетоважи тие би сакале да ги задржат за себе и да ги тргнат од погледите на другото.

Вага

Вагите би одбрале тетовата која ја претставува убавината, па би се одлучиле за некоја едноставна истетовирана приказна, како на пример цвеќе или птици. Независно за што и да се одлучат, тие би го ставиле акцентот на естетиката и визуелната привлечност.

Скорпија

Скорпиите во животот се водат според мотото „се’ или ништо“. Тие или воопшто не би се тетовирале, или пак би направиле некоја голема тетоважа.

Стрелец

Стрелецот има авантуристички дух и секогаш е подготвен за нови авантури, па  дури и неговата тетоважа може да го манифестира тоа. Припадниците на овој знак неретко се одлучуваат за тетоважи со некој инспиративен цитат, зборови од странски јазик, географски координати или религиски симболи.

Јарец

Јарецот е често карактеризиран како најсериозен знак во хороскопот, па тетоважите на овие личности се всушност поврзани со успехот и среќата. Независно дали се работи за некаков цитат, или значаен датум, Јарецот секогаш ќе бара минималистички, но впечатлив начин за да го слави својот сопствен лик и дело.

Водолија

Водолијата би можела да ја покаже својата индивидуалност токму преку тетовирањето, одлучувајќи се за некоја едноставна тетоважа. Припадниците на овој знак би можеле со саати да гледаат разни предлози, па дури и сами би учествувале во креацијата на крајниот дизајн.

Риби

Рибите се сензуални и најверојатно личностите родени во овој знак, се оние кои најмногу би го истетовирале името на својот партнер. Тие не се плашат од коментарите на останатите, туку го прават она што ним им се чини правилно. Исто така, тие се склони и кон тетоважи со водени мотиви.