Поради опасност од пожар, „Волво “ повлекува милион возила – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/19 1:44 PM

Поради опасност од пожар, „Волво “ повлекува милион возила

Шведскиот производител на автомобили „Волво“ повлеку повеќе од милион возила бидејќи некои делови од моторот може да се растопат

. Од компанијата наведуваат дека во најлош случај проблемот може да предизвика пожар. Во долгата историја на „Волво“ таков случај не е забележан.

Според шведската телевизија СВТ, проблемот се однесува на моделите со четири цилиндрични дизел мотори произведени од 2014 до 2019 година. Ова се модели V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.

Ова е уште една лоша вест за ,,Волво“ откако забележа пад на добивката во вториот квартал од 2019 година и покрај значителното зголемување на продажбата.

а1.мк