Фото: ATA Images
Српската водителка, Деа Ѓурѓевиќ викендов го прослави својот дваесет и осми роденден, кога впрочем и за првпат, јавно ги покажа лузните од сообраќајната незгода што ја доживеа во февруари годинава.
Имено, откако на неа налета автобус, при што и’ беше откината едната рака, познатата водителка беше подложена на неколкучасовна операција, по која следеа низа зафати, а секој од нив како што пишуваат српските медиуми, претставуваше борба за живот.
Деа само пред неколку дена ги тргна завоите и од ногата, која исто така и’ беше оперирана по тешката сообраќајка.
„Кога си на работ се’ да изгубиш, многу повеќе го цениш тоа што го имаш. Ја сакам мојата рака без оглед на се’ и секој треба да ги сака своите лузни. Толку луѓе има на овој свет коишто имаат лузни и ги носат со гордост, па зошто не и јас? Ми рекоа дека можам да направам ласерска корекција, но не гледам потреба за тоа, мене ми е важно се’ да е функионално. Најголемата лузна ја имам на ногата, од каде ми вадеа вода, но тоа за неколку месеци ќе исчезне. Лузните на лаката се големи, но не ми пречат. Моите лузни се симбол на мојата победа“, изјави Деа.